Курц му праќал бакнежи на секретарот- во телефон откриени експлицитни фотографии

СМС-аферата“ не престанува да ја тресе Австрија.

Медиумите дојдоа до голем број пораки кои канцеларот Себастијан Курц наводно ги разменил со поранешниот секретар во Министерството за финансии, Томас Шмид, што поттикна на бројни шпекулации за нивниот меѓусебен однос.

Шмид му испратил порака на Себастијан Курц во која го замолува да му вети дека ќе има вистинска моќ на новото работно место, а не само церемонијална улога.

„Добиваш сè што ќе посакаш“, му одговорил Курц.

„Пресреќен сум … го сакам мојот канцелар“, му напишал Шмид.

Се чини дека нивната преписка била многу блиска, па пронајдени се и пораки со бакнежи кои канцеларот наводно ги упатил до секретарот. Во телефонот на Томас Шмид се пронајдени околу 2.500 експлицитни фотографии, пишува „Блик“.

Јавноста со денови шпекулираше за она што е напишано во пораките што беа откриени откако, по аферата Ибица, истрагата продолжи против другите членови на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) на Штрахе, но и Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц.

Одземен е мобилниот телефон на Шмид, во кој, според „Суедојче“, наводно, сè било избришано, но форензичарите сепак успеале да ги пронајдат пораките, меѓу кои се и оние што ги разменил со канцеларот. Тие пораки, според медиумите, треба да бидат доказ за тоа како секое назначување завршува на самиот врв на власта.

Во преписката, наводно, се гледа како Курц му испраќа порака на Шмид: „Ќе добиеш сè што ќе посакаш“, покрај кои има три емотикони кои испраќаат бакнеж. Шмид одговори: „Многу сум среќен. Го сакам својот канцелар”. Неколку недели по размената на овие пораки во јавнота, се појави аферата Ибица.

Покрај пораките, како што пренесува „Блик“, во службениот телефон на Шмид се пронајдени околу 2.500 експлицитни фотографии на кои се гледа машки полов орган.

Обвинителството испитува од каде се фотографиите, но исто така испитува и како доказите од истрагата протекле во јавноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега