Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ кочи, седи настрана и се моли државата да не успеe

Сигналите од Брисел се навистина јасни,  имаме поддршка и европските институции и земјите членки немаат никаква дилема за тоа дека Северна Македонија ги исполни критериумите и дека заслужува да отпочне преговори со ЕУ“, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Таа потенцираше дека е факт дека сме членка на НАТО, факт е дека имаме македонски идентитет забетониран и признати сме со македонски јазик во целиот свет.

-И не знам зошто би требало да постојат дилеми за македонскиот идентитет и јазик, кога веќе тоа многу пати се докажа дека тоа се црвените линии преку коишто оваа Влада предводена од СДСМ никако не преминува, потенцираше Кузеска.

Таа  нагласи дека очекуваме позитивни исходи, но останува да видиме што ќе се случи понатаму, додавајќи дека ветувањето дека ќе влеземе во НАТО, го дадоа многу влади претходно, но само Владата предводена од СДСМ, успеа да го оствари.

Кузеска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ седи настрана, се моли за најлошото, сака да не се успее, но за нивна жал и среќа на сите ќе се успее.

-Во овие два дена ВМРО-ДПМНЕ можеше да даде поддршка на лавовската борба, која што ја имаше премиерот Заев и останатите владини претставници со него, во Брисел, тој ја претставува државата и вие можевте да се согласите дека ги поддржувате црвени линии“,  истакна Кузеска.

Таа додаде дека наративот на шефот на опозицијата беше многу сличен, скоро ист со политичарите од Бугарија, во еден клучен момент, а тоа беа радикални изјави.

-Најголемата опозициска партија, која губи на шест изборни циклуси зборува за морална одговорност, а на граѓаните упорно во собранието им кочи помош, на војници им кочи законско решение кое конечно ги става на местото на кое што треба, се изјаснува против минимална плата, против враќање на парите на граѓаните, истакна Кузеска, додавајќи дека им е тешко е да прифатат дека државата оди напред.

Во врска со настаните од 27 април и протестот на опозицијата за слобода на осудените поради тој настан, Кузеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години владееше со поттикнување насилство и поделба на народот по сите основи.

Тие ја измислија поделбата на предавници и патриоти, во 21 век во слободно и демократско општество е срамно да се брани насилство, нагласи Кузеска, додавајќи дека тоа поле им е најсилно да се повикуваат на патриотизам да прогласуваат предавници и да кажуваат дека насилници се уставобранители.

-Зачудувачки е што сакаат да ги тргнеме на страна сите сведоштва за 27 април, нападите на пратениците, како го влечат Зијадин Села и јавноста мисли дека е мртов и сега опозицијата зборува за уставобранители, а она што се случи беше насилно спречување на транзиција на власта, нагласи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега