Лефков: Францускиот предлог што Ковачевски сакаше да го прикаже како големо достигнување всушност е голем дебакл за Македонија

 

„Последните изјави кои доаѓаат од Софија ги демантираат манипулациите и лагите на Ковачевски и неговата влада. Катадневно пристигаат бугарски шамари за владата на Ковачевски. Имено т.н. Француски предлог што Ковачевски сакаше да го прикаже како големо достигнување на дипломатија всушност е голем дебакл за Македонија, а последна потврда за тоа е изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова која изјави дека Францускиот предлог е голем дипломатски успех за Бугарија и дека преку преговарачката рамка за Македонија се внесени бугарските позиции за што им се заблагодари на европските лидери за разбирањето“ порача на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој вели – „Јотова потврди дека дипломатијата предводена од Османи го преспала периодот, дозволила Бугарија да ги наметне своите ставови и да однесе целосна меѓународна победа. Затоа фаците на Ковачевски и на неговата екипа се скиселени, а во Бугарија ликуваат“.

„Уште еден удар, односно демант на лагите на Ковачевски и неговата влада доаѓа од бугарскиот политичар Илхан Ќучук. Додека нашава влада лаже дека сме отпочнале преговори, Ќучук им порачува дека преговорите нема да почнат се дури не е исполнет еден услов, клучен за Бугарија, а тоа е внесување на Бугарите во македонскиот устав. Е токму тоа е причината поради која граѓаните гласно се противеа на ваквата рамка, затоа што за Македонија се прават лоши преседани, се наметнуваат услови надвор од Копенхашките критериуми и се наметнуваат бугарски диктати кои бесконечно ќе ги одолговлекуваат преговорите. Ваквата катастрофална позиција Ковачевски и неговата Влада ја прифати за да има фото сесија и да може да зборува за некаков имагинарен почеток на преговори“ смета Лефков.

Пратеникот потенцира дека „само пред неколку дена дојде уште еден шамар и демант за владата на Ковачевски. Измеќарите од владата тврдеа дека со Протоколот се завршува потпишувањето на срамни и понижувачки обврски за Македонија, но според службениот МНР на Бугарија, Милков во Софија се работи на нов писмен документ со јасни обврски и задачи за Македонија“.

13.08.2022 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега