Лефков: Кој ќе одговараше ако суспектниот беше позитивен на мајмунски сипаници и ја ширеше заразата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес конференција испрати апел во „најбрз можен рок оваа неодговорна власт и министерот Беким Сали, што поскоро, веднаш да донесат протоколи за пандемијата која масовно се шири низ Европа и светот“.

Тој прашува кој ќе одговараше доколку вчера тестираниот суспектен граѓанин на Македонија беше позитивен и изминатите неколку дена ја ширеше оваа зараза.

„Среќа што е негативен, и затоа ни се потребни што поскоро протоколи од страна на здравствените власти и комисијата за заразни болести. Не смее повторно да ни се случи сценариото како со ковид пандемијата каде што Македонија е земја со најмногу починати на милион жители, каде касневме со протоколи, доцневме со вакцинација, рече Лефков.

Лефков уште еднаш упати апел до оваа власт уште веднаш да се зафатат со работа.

13.08.2022 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега