Лефков: Нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8

„Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8? Филипче да каже како семејниот имот му се зголемил за луксузна хациенда од 1 милион евра на Водно и како е платена, со кои пари и како се заработени“, праша Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

„Филипче да каже како го купил џипот кој го вози или е на друго име и зошто тој некој му го дал да го вози? Со што Филипче задолжил некого толку многу за истиот да му даде на користење луксузен џип Ауди Q8?

Филипче да каже како неговиот семеен имот се зголемил во милионски износ во време додека тој е на функција или непосредно после тоа. Дали милионските тендери во здравството играле улога во зголемувањето на имотот на Филипче?

ДКСК да го истражи имотот на Филипче. Одговорност мора да има“, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

18.07.2024 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега