Лога во Гевгелија: Промоција на бесплатна правна помош

 

 

Со цел да се информираат граѓаните за бесплатната правна помош како и да се обезбеди подобра искористеност и пристап до овие услуги, денеска министерот за правда Кренар Лога учествуваше во јавната промоција на оваа помош во Гевгелија.

„Со градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, разговаравме за важната улога на локалната власт во постигнување на нашите заеднички цели, како што е соработката во спроведувањето на безплатната правна помош и потребите на општината за поддршка од Министерството за правда, со едиствена цел успешно служење на граѓаните, исполнување на нивните потреби и нашите обврски.

Меѓу останатото, на средбата, градоначалникот ја истакна и потребата за зајакнување на капацитетите на Управата за имотно правни работи во Гевгелија која се соочува со 5000 нерешени предмети, како и немање на геодет во Агенцијата за катастар на недвижности. Овие тешкотии претставуваат проблем за остварување на правата на граѓаните и обезбедување на соодветни услуги за населението во Општина Гевгелија“, информира Лога.

При денешните посети според соопштението од неговиот кабинет бил и во посета на подрачната канцеларија на Министерството за правда и во канцеларијата за бесплатна правна помош во Гевгелија.

„Оваа активност е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда, коишто ќе се одржат во различни региони во државата, со цел да се промовира користењето на бесплатната правна помош, со посебно внимание на ранливите категории“, е истакнато во информацијата.

28.07.2023 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега