Локализиран пожарот во липковско
Изгаснат е пожарот во липковско, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Пожарот е локализиран околу полноќ. Во гаснењето покрај кумановски пожарникари учествувале и месно население и претставници од шумско стопанство. Во моментов нема горење, но поради опасност од повторна појава има екипа која е постојано на терен.
Во пожарот беше зафатена поголема површина над селото Слупчане, кон Ваксинце, горела сува трева, грмушки. На терен беа ангажирани две противпожарни возила и седум пожарникари како и претставници од ЈП „Национални Шуми“.
Кумановските пожарникари интервенирале и во населбата Карпош на запалена сува трева околу 21 часот. Пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожар во село Ругинце.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа