Лукаревска ќе добие висока позиција во новото раководство на СДСМ

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, најверојатно ќе зазеде висока позиција во новото раководство на СДСМ, што треба да се екипира после неделниот партиски конгрес, пишува неделникот Фокус.

Лукаревска е во комбинација и за функцијата заменик-претседател, што досега ја извршуваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која веќе најави дека нема амбиции за трет последоватален мандат.

Според високи партиски извори на Фокус, Лукаревска е една од најсериозните кандидати за една од трите потпретседателски позиции, за кои уште фаворити се и министрите за внатрешни работи и за здравство – Оливер Спасовски и Венко Филипче.

Покрај нив, според Фокус, лидерот Зоран Заев размислува и за универзитетските професорки Беса Арифи и Гордана Лажетиќ-Бужаровска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега