Македонија во портокалова фаза: И денеска температури над 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура, како што информираат од УХМР, ќе биде во интервал од 16 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Како што соопшти УХМР, во наредните денови подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа