Малолетен велосипедист повреден во Куманово- со автомобил удрил во него, па во друго возило кое било паркирано

 

Малолетен велосипедист бил повреден во сообраќајка во Куманово, откако автомобил удрил прво во него,а потоа и во  друго возило кое било паркирано.

Според пријавеното, на 04.08.2020 во 17.25 часот било пријавено дека во Куманово, на паркинг простор на бул.„Октомвриска револуција“, патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(34) од Куманово удрило во велосипед, управуван од 15-годишник од Куманово и во патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(30) од Куманово.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Куманово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега