Малолетник украл револвер од музеј во Битола

Малолетник украл револвер од непозната марка од музејска поставка во музејот во Битола.

-Вчера во 12.30 часот во СВР Битола, М.С.(49) од Битола пријавила дека на 08.05.2021 во 18.00 часот, малолетник влегол во просториите на музејот во Битола и од музејска поставка во посебна просторија одзел револвер, непозната марка. По преземени мерки, револверот е пронајден, одземен од Б.Ј.(37) од Битола и вратен на пријавителот, велат од МВР.

 По документирање на случајот ќе следува поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2021 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега