Малолетно девојче повредено со тврд предмет на плоштадот Скендербег во Скопје

Денеска во 02.50 часот во Полициска станица Бит Пазар, Б.Ш. пријавила дека нејзината малолетна ќерка била повредена на плоштадот Скендербег.

„Б.Ш. од Скопје пријавила дека на 13.08.2022 околу 23.00 часот на плоштад Скендербег, едно лице фрлило со тврд предмет којшто ја погодил нејзината малолетна ќерка“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
14.08.2022 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа