Маричиќ: Може и понатаму да нè блокира некоја членка, ние ги решаваме нашите прашања со Бугарија

Вицепремиерот Бојан Маричиќ кажа дека документите се гаранција дека Бугарија не може да стави ново вето, ако Македонија ги исполни обврските од договорот, кој допрва треба да биде разгледан.

„Ги разгледуваме сите документи во пакет. Тоа што е важно е дека до првата меѓувладина конференција, во форма во која ние ќе одредиме, Владата да ја прифати преговарачката рамка и да почнат преговорите. Потоа ќе биде свикана првата меѓувладина конференција за преговарачката рамка. Тука не е ставен протоколот, што значи дека е исполнето нашето барање да ги нема историските прашања“, објаснува вицепремиерот.

 

Во нашата рамка уште при првиот предлог во 2020 година што не беше усвоен, истакна Маричиќ, беа ставени и договорот од Преспа и договорот со Бугарија и тоа, според него, не е ништо невообичаено. Го посочи случајот со Србија и со Косово, кои имаат цело посебно поглавје, а тоа во нашиот случај го нема.

„Ние имаме гаранции дека тоа што сме го прифатиле во Собрание, ќе го исполниме. Другите прашања ќе се решаваат со Бугарија но секако дека било која членка, доколку реши, може да блокира. Сепак, имаме гаранција на хартија дека ги имаме сите наредни чекори и Бугарија не може да стави вето“, вели Маричиќ.

01.07.2022 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа