Мароко ги прекинува сите летови кон странство поради страв од омикрон

Мароко објави дека од денеска на две недели ќе ги прекине сите летови кои пристигнуваат од целиот свет поради омикрон, новата варијанта на Ковид-19 која е оценета како загрижувачка.

Привремената забрана стапува на сила денеска и ќе трае две недели, објави мароканската новинска агенција МАП, цитирајќи го здравствениот комитет.

Одлуката е одговор на „брзото ширење“ на омикронот, особено во Европа и Африка, објаснуваат здравствените власти на Кралството Мароко.

Додаваат дека редовно ќе ја проценуваат состојбата доколку има потреба да се менуваат мерките.

Варијантата, наречена омикрон од Светската здравствена организација (СЗО), ги доведе во прашање глобалните напори за борба против пандемијата бидејќи постои страв дека Б.1.1.529 е многу заразен, што поттикна многу земји повторно да воведат мерки за кои мислеа дека се минато.

 

29.11.2021 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега