Масовна тепачка меѓу мигранти во Ваксинце – двајца Пакистанци завршија во болница

Масовна тепачка меѓу мигранти се случила вчера во селото Ваксинце, а двајца Пакистанци на 18 и 22-годишна возраст завршија во болница со тешки телесни повреди.

 

-Во Полициското одделение Матејче, вчера во 14.30 часот, Х.И. од с.Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во с.Ваксинце бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти, при што биле употребени остар и тврд предмет. М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2021 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега