Маж во Германија уби 14-годишно девојче

Германската полиција денеска соопшти дека маж убил 14-годишно девојче, а тешко ранил друго, 13-годишно, додека оделе пешки кон училиште.

Полицијата во југозападниот град Улм соопшти дека девојчињата биле итно пренесени во болница по нападот кој се случил околу 7:30 часот во блискиот град Илеркирхберг.

 

Нема информации за оружјето со кое мажот ги нападнал.

Осомничениот побегнал во блиската куќа каде полицијата уапсила три лица, претпоставувајќи дека едното е напаѓачот.

Германската новинска агенција ДПА јави дека полицијата сè уште се обидува да го утврди мотивот за нападот.

05.12.2022 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа