Маж заврши зад решетки, откако полицајата дома му најде пушка и куршуми

На 05.12.2022 во с.Лепопелци, Општина Чешиново – Облешево, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Г.(55) од с.Бурилчево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и три куршуми калибар 16мм.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

06.12.2022 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа