Мекорд: Трамп му давал доверливи информации на Лавров

 

Доналд Трамп е под истрага на ФБИ за можни прекршувања на Законот за шпионажа, што, меѓу другото, го оневозможува споделувањето доверливи информации со оние кои не се овластени да ги имаат.

Тој му дал на Лавров високо доверливи информации, пишуваат американските медиуми.

„Дури и како претседател, Трамп го направи тоа. На почетокот на неговиот мандат тој спонтано му даде на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров високо доверливи информации за операцијата против Исламската држава. Но, Мар-а-Лаго, каде се организираат прослави и добротворни вечери, е особен трн во окото на американските разузнавачи. Иако Тајната служба го обезбедува поранешниот претседател и локацијата, нејзините агенти немаат овластување да ги прегледуваат гостите или членовите на клубот Трамп. Налогот за претрес на имотот на Трамп јасно покажува загриженост за националната безбедност, изјави поранешната функционерка на американското Министерство за правда, Мери Мекорд.

„Очигледно им беше многу важно безбедно да ги вратат документите“, рекла таа.

„Имањето високо доверливи документи на место каде што посетуваат бројни странски посетители и други кои можеби имаат врски со странски влади и агенти создава значајна безбедносна закана“, додала таа.

Трамп, од друга страна, тврди дека сите документи што ги поседува се декласифицирани и се на безбедно место.

Агентите на ФБИ заплениле десетици кутии со документи од имотот претходно оваа недела, вклучително и некои со информации за одбраната.

„Тоа опкружување е кошмар за ракување со високо доверливи информации“, изјавил поранешен службеник на американското разузнавање. „Кошмар“, повторил тој.

Добар пример е свечената вечера на Трамп и тогашниот јапонски премиер Шинзо Абе, која беше организирана во 2017 година на огромна тераса на отворено во Мар-а-Лаго со многу други гости. Вечерата беше нарушена од севернокорејски ракетен тест, па гостите кои кружеа наоколу можеа да го слушнат и снимаат разговорот на Трамп и Абе за контрамерките, пишуваат медиумите.

Дополнуваат дека Трамп бил подготвен и за свечена вечера со кинескиот претседател Си Џинпинг но издржал како што пишуваат до чоколадниот десерт за да не му открие на својот кинески колега што има намера да прави.

Во 2019 година, Кинеска со скриен софтвер ја поминала првата безбедносна проверка на влезот во клуб во Мар-а-Лаго и била уапсена во последен момент, пишува во написите.

Тогашниот началник на кабинетот на Белата куќа, Џон Кели се обидел да го ограничи пристапот до Мар-а-Лаго, но Трамп одбил да продолжи со таа практика.

14.08.2022 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега