Миа Костова: Од тримесечната неспособност на институциите, не ми е пријатно да го пуштам син ми на училиште

 

Денеска дојави за бомби во училишта во Скопје и во Куманово, испаничија многу родители меѓу кои и Миа Костова. Инфлуенсерката се огласи на оваа тема на социјалната мрежа Фејсбук, потенцирајќи дека веќе не и било пријатно да го пушти нејзиниот син на училиште.

„Дојава за бомба и во Киро Глигоров. Мене искрено не ми е воопшто пријатно да го пуштам на училиште. На оваа неспособност од институции во кои се бараат дојавувачи 3 месеца мислам дека е таман еден ден да рокне стварно додека се смееме дека е само заплашување и ни е нормално да има по 10 дојави денот. Па можеме сега пак да си живееме во страв место од корона од бомби. Инаку децата воопшто наивно не го сфаќаат ова па се трауматизираат“, пишува Миа на ФБ.

„Па пак да се стаиме малце онлајн дека и онака ги унаказивме две години па сеа за уште една не е проблем. Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со раководство не со две леви раце, него комплетно сакато“, се додава во нејзината објава.

15.12.2022 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега