Мицкоски: Александар Верушевски е голем патриот

„Се познавам со господинот Александар Верушевски, тој е грижлив родител и посветен сопруг, и она што можеби е значајно да го знае македонската јавност е голем патриот“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали го познава синот на советникот во владата Зоран Верушевски, Александар, кого екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев го посочи како лице кое ги снимило материјалите што неодамна беа објавени на јутјуб.

Мицкоски не сакаше да ја коментира изјавата на Заев дека е „многу близок со неговото семејство, ги сакам неговите дечиња“, која пак од самиот Верушевски беше оценета како „закана“.

„Тука не би можел да дадам коментар бидејќи од тоа семејство закани по деца често пати доаѓале“, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега