Мицкоски – Сијарто: Благодарност за поддршката од Унгарија кон Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Владо Мисајловски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Унгарија, Петер Сијарто.

Во текот на средбата, како што соопштија од партијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изразил голема благодарност за помошта која Унгарија и ја даде на земјава во текот на кризата со пандемијата, но и поддршката која континуирано ја дава неговата држава на нашите евроинтеграции. Воедно се заблагодарил за донацијата на вакцини против Ковид-19.

На средбата била афирмирана потребата од скорешен старт на безусловни преговори на земјава и Европската Унија.

– Мицкоски истакна дека земјава за жал поради состојбата во која се наоѓа, секој месец трпи назадување на сите полиња, а особено на полињата на борба со криминалот, владеењето на правната држава, економијата и речиси сите аспекти на живеењето. Откочувањето на процесот би бил гаранција дека нема да се случуваат скандали од типот печатење на 214 официјални пасоши на светски криминалци, злоупотреба на европски средства, криминални тендери или јавни набавки во кои највисоки структури на власта на дневна основа се поврзуваа со криминални скандали и коруптивни афери, наведуваат од партијата

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега