Мицкоски: Спасовски е неспособен и криминоген, и треба да одговара за мафија

„Материјалите околу аферата ги имав веќе неколку месеци и тоа ми беа доставени од свиркач. И јас го повикувам Спасовски, подготвен сум да одговарам за како што вели саботажа, да ме суди веднаш, нека го покаже лицето од тие кои што се таму приведени и обвинети со доказ, не со исказ. Не со исказ. И еве го мојот телефон нека види, и бидејќи ме следат, точно знаат каде се движам, нека докажат дека јас сум имал било каков контакт со тие луѓе таму. И подготвен сум веднаш тие да бидат сите ослободени, а јас да одговарам за саботажа. А, во спротивно да се извини. За тоа што е неспособен, криминоген и треба веднаш да замине од таа позиција и да одговара, и да престане да ја лаже македонската јавност“, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека не е битно кој му ги доставил документите, неколкупати нагласил дека документите се од свиркач.

„Чекавме да луѓето од МВР достават односно да почнат со оваа акција. Што чекаа они? Или чекаа да заврши оваа акција како што заврши „Планина“ или како им се викаше онаа „Висорамнина“ што претходно ја направија? Така сака и оваа акција да им заврши“, запраша Мицкоски.

Мицкоски посочи дека власта греши што се обидува јавноста да ја прелаже со тоа дека виновниците за оваа афера се обични службеници.

„И што сакаат да не убедат сеге дека оние луѓе кои што земаат таму отисоци од прсти и сликаат, се тие виновниците? Дека овој Јован Вукотиќ кој што обезглавувал луѓе и е дел од Шкаљарскиот клан и кој што треба сега да одговара за неколкукратно убиство дошол тука, тропнал на врата таму кај што се слика за документи и тие го сликале. Како не доаѓачле криминалците, има докази дека доаѓале. А, тоа е уште потрагично дека криминалците од други земји земале документи, тој признава недостатоци во своето работење како министер“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека не е системски пропуст да ти дојде во земја пола балканска мафија и да земе лични документи.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега