Мицкоски: Средбата беше успешна, пописот е одложен за септември

Првиот момент кога се одлучив да предложам средба се водев од фактот да спасиме што е моино повеќе човечки животи и да превенираме повеќе македонски семејства кои што ќе се соочат со траумата додека ја поминуваат битката со паандемијата со Ковид вирусот, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната средба со премиерот Зоран Заев.

„Можам да заклучам дека денешната средба е позитивна и успешна, а врз основа на тоа сакам да додам дека ја оставивме вратата отворена и за следни средби кои што доколку има потреба би се случувале во следниов период. Потребно е да покажеме државотворен капацитет и капацитет со кој ќе спасиме повеќе човечки животи и ќе превенираме семејни трауми.

Би започнал од измените во Изборниот закон, се согласивме и веќе утре на дневен ред ќе биде измената која се однесува на терминалите за отчитување на отисок на прст и очекуваме успешно да биде изгласана во 

Се согласивме да ги охрабриме одлуките кои преговараат за останатите измени како што се измената на изборниот модел во една изборна единица, отворени листи за советници на следните олокални избори, избор за градоначалник во прв круг со тоа што би бил задоволен определен процент од вкупниот број на избирачи, и последно тука се гласање на дијаспората на следните избори надвор од диполматско конзулрните претставништва и имплемнетација на прпораките на ОБСЕ и ОДИХР.

Втората тема беше работата во Парламентот и се согласивме дека вмро ќе работи во рамките на Парламентот заедно со мнозинството на сите закони што се однесуваат на реформаската генда и сите закони што се однесуваат на поддршката на стопансотвото економијата. Заедно опозицијата и власта сите закони што се однесуваат на реформскиот процес, сите закони поврзани со поддршката во стопнаството, граѓаните да бидат завршени и помошта да стигне таму кај што е најнеопходна.

Од страна на господинот Зоран Заев бев информиран дека во текот на април се очекува да пристигнат во Македонија околу 350.000 вакцини, а потоа сукцесивно во месец мај ќе има вкупно 2 милиони вакцини за 1 милион граѓани.

Исто така се договоривме пописот да биде одложен, наместо сега да се одложи за месец септември, како можен период да биде 5ти или 30-ти септември. А локалните избори да бидат одложени за втората половена за октомври“, кажа Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2021 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа