Мицкоски за Филипче: Зборот не му трае подолго еден ден, нема план - само провизии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека зборот на владините функционери не трае подолго од еден ден. Тој на Фејсбук сподели две контрадикторни изјави кои ги даде министерот за здравство Венко Филипче за вакцините кои ги произведува  Србија.

-Со овие луѓе нема да нѐ биде. Ако некој сѐ уште се прашува зошто, одговорот е: Зборот не им трае подолго од еден ден, нема стратегија, нема план, само провизии има. Ама ќе има ОДГОВОРНОСТ!, коментира Мицкоски.

Инаку, откако во Србија соопшти дека почнува со производство на руските Спутник, Филипче првично рече дека немаме потреба да нарачуваме вакцини од „ТОРЛАК“ бидејќи веќе имаме обезбедено 2,6 милиони вакцини. Но утредента тој се поправи и рече: „Најлогично е ‘ТОРЛАК’ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини“.

Со овие луѓе нема да нѐ биде. Ако некој сѐ уште се прашува зошто, одговорот е: Зборот не им трае подолго од еден ден,...

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, 17 April 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега