Мицкоски: Жртва сум на црна кампања и лаги од СДС за Град Скопје зашто им гори под нозе

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија истакна дека е жртва на црна кампања на СДСМ.

„Вие во услови на ваква криза и инфлација кога граѓаните едвај крај со крај врзуваат, да плаќате стотици илјади евра народни пари или без разлика дали се крадени од тендерите кои се вообичаена пракса на СДС или од редовното финансирање на партијата. Во вакви услови на енергетска и финансиска криза да трошите за црна кампања, тоа значи дека некому многу му гори. Ги повикувам сите органи на прогонот, еве уште вечер уште утре да излезат и да истражат“, вели Мицкоски.

Запрашан за обвинувањата од страна на градоначалничката на Град Скопје дека влијаел на овој проект, Мицкоски истакна дека не гледа како би можел да биде инволвиран кога целиот проект бил воден од луѓе кои не се од ВМРО-ДПМНЕ, но и покрај тоа Европската инвестициона банка јасно кажува дека проектот е воден според сите правила и процедури.  

„Имате од банката која што, верувајте ми јас не познавам човек кој што може туку така да си игра играчки со таа банка, вели дека се е според правилата и процедурите. Дури овие луѓе кои што сега ги споменувам, иако не се ВМРО-ДПМНЕ банката вели дека тоа што досега го направиле, а тоа беше до пред некој ден, велат дека е се според правилата и процедурите“ потенцираше Мицкоски.

Мицкоски, исто така, ги повика институциите да го истражат случајот.

28.09.2022 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа