Милион луѓе останаа без работа во Канада

Канадскиот пазар на труд во март бележи историски пад на вработеноста поради пандемијата на коронавирус.

Без работа останале 1,01 милиони работници, што е најголем пад од 1976 година. Стапката на невработеност се искачи на 7,8 проценти во однос на 5,6 отсто во февруари.

Повеќе од 4 милиони луѓе – или секој петти работник – веќе се пријавиле за поддршка за итни случаи откако владата воведе мерки за социјално дистанцирање и нареди затворање на некои компании да го забави ширењето на коронавирусот.

Пред пандемијата, најголем пад на вработеноста во Канада беше во јануари 2009 година, кога без работа останаа 125.000 луѓе. Бројките сега се полоши отколку што очекуваа економистите. Тие во март прогнозираат дека невработеноста ќе се зголеми за 500.000.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега