Милошоски: Содржината на Резолуцијата е многу важна и добро е македонското Собрание што поскоро да ја изгласа истата како што е доставена

Дозволете на денешната прес конференција да го истакнам нашиот став и задоволството на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата што беше прифатена на вчерашната седница веднаш после расправата за буџетот да се дискутира за Резолуцијата за македонските државни позиции поврзани со евро-интеграциите и со блокадите од Бугарија, изјави денеска за медиумите, Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сметаме дека содржината на оваа Резолуција е многу битна и добро е македонското Собрание што поскоро истата да ја изгласа по содржина како што беше и доставена, бидејќи е надпартиска и утврдува сериозна европска вредност, а тоа е правото на сопствено определување на идентитетот и зачувување и негување на сопствената историографија, истакна тој.

23.07.2021 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега