Милошоски соопшти детали зошто Владата ќе го повлече предлогот Фрчкоски да биде амбасадор во САД

 

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски тврди дека во следните денови се очекува Владата да го повлече предлогот за номинација на Фрчкоски за македонски амбасадор во САД.

-Ова ќе биде последица на реакциите од страна од стратешкиот партнер кои пред неколку дена по дипломатски пат стигнале директно и до Заев, со прашање дали е сигурен дека Фрчковски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размената на строго доверливи информации на највисоко државно ниво, пишува Милошоски на Фејсбук.

Според него, премиерот Зоран Заев се правдал дека нема детални информации на тема.

-Заев се правдал дека нема детални информации на таа тема за предложениот амбасадор, но дека ќе разговара со Фрчкоски за да му понуди друга функционерска опција, надвор од дипломатијата, напиша Милошоски на Фејсбук.

Во следните денови се очекува владата да го повлече предлогот за номинација на Фрчкоски за македонски амбасадор во...

Posted by Antonio Miloshoski on Thursday, 4 March 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега