Министерство за здравство: Денеска се регистрирани 115 нови случаи на Ковид-19 во Македонија - 7 лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.
Починати се  7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
-Скопје 3394, активни 2007
-Куманово 797, активни 244
-Дебар 109, активни 57
-Штип 374, активни 161
- Прилеп 282, активни 56
-Тетово 766, активни 392
-Струга 265, активни 167
-Велес 196, активни 43
-Битола 61, активни 22
-Охрид 204, активни 175
-Кавадарци 21, активни 15
- Гостивар 156, активни 93
-Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
-Струмица 17, активни 9
-Крива Паланка 16, активни 10
-Радовиш 4, активни 0
- Крушево 7, активни 3
-Кочани 74, активни 21
-Пробиштип 26, активни 17
-Демир Хисар 2, активни 1
-Македонски Брод 6, активни 4
-Пехчево 6, активни 3
-Берово 3, активни 0
-Валандово 6, активни 2
-Виница 3, активни 0
-Делчево 1, активни 0
-Кратово 5, активни 2
-Свети Николе 42, активни 37
-Кичево 48, активни 39
-Ресен 122, активни 89
-Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1032 теста се преку: ИЈЗ –480, Авицена –101, Биотек –130, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори) -87, Систина  со PCR метода -90, ЦЈЗ Битола-31. Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. 
Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
-Чаир – 415
-Аеродром - 159
-Бутел - 173
-Гази Баба - 207
-Центар – 150
-Карпош – 167
-Сарај – 154
-Кисела Вода – 118
-Ѓорче Петров – 116
- Студеничани – 115
-Шуто Оризари – 93
-Арачиново – 51
-Илинден – 33
-Петровец – 16
-Чучер Сандево – 18
-Сопиште – 13
-Зелениково-7
-Странец – 2
-Нераспределен- 0“, информира Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа