Митева: Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Ново Село Звонко Ангелов вршел притисок и се заканувал на самохрана мајка

Во општина Ново Село, кандидатот за градоначалник на СДСМ, Звонко Ангелов вршел притисок и се заканувал на самохрана мајка. Нападите врз жените од страна на СДСМ не се новина во политиката. Во текот на вчерашниот ден медиумите објавија информации за ова брутално злоупотребување на службената должност од страна на Звонко Ангелов кој како вработен во центарот за социјални работи во Струмица го извршил ова дело. Според нашите информации, тој вршел притисок и се заканувал на самохрана мајка дека ќе и’ го одземе детето. Жестокиот притисок и уцените се одвивале во текот на неколку недели, а причините за тоа се најверојатно одбивањето на жртвата да ги користи каналите за правна помош кои и’ ги посочил Ангелов, истакна на денашната прес конференција, портапролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа истакна дека во текот на предизборната кампања бевме сведоци на повеќе напади врз жените како кандидатки за градоначалнички од страна на СДСМ.

– Насилството, говор на омраза, сексизам и мизогинија беа употребувани од страна на СДСМ. Никој во раководството на СДСМ, ниту пак Форум на жени не се огради и не го осуди таквиот срамен чин на однесување. Да не го заборавиме и срамното покажување на лакти од страна на Заев и повторно никој од СДСМ не собра храброст да се извини. Очигледно од Заев можат да земат само лоши примери, рече Митева.

Портпаролката посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува жените да зборуваат за секој вид на насилство со кое се соочуваат.

– Јавно се спротивставуваме на ваквиот начин на третирање на жените во политиката и порачуваме дека за вакви луѓе нема место во политиката по 31 октомври. Затоа граѓаните на Ново Село го победија кандидатот на СДСМ во првиот круг и затоа истиот уште еднаш ќе биде поразен и во вториот круг.Промените во начинот на владеење во Македонија се само на чекор од сите нас, додава таа.

 

22.10.2021 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега