Митева: СДСМ да одговорат зошто во континуитет имаат пријатели од подземјето и фотографии со нив

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија „Утро со Златев“ на Радио Лидер, вели дека безбедноста на државата е под сериозен притисок по престрелката во скопски Бутел, додавајќи дека СДСМ треба да даде одговор зошто високи функционери на СДСМ се блиски пријатели со криминални ликови.

Она што мене ме загрижува е тоа што повторно луѓето коишто направиле такво дело се блиски пријатели до функционерите на СДСМ и треба да дадат одговор СДСМ зошто во континуитет имаат пријатели и слики за кои цели се сретнуваат со такви луѓе. Еве како што гледаме човекот којшто загина во таа несреќна пресметка е пријател на градоначалникот на општина Бутел. Даде изјава дека станува збор за навистина негов близок пријател и дека тој немал лошо видено од таков човек. Безбедноста на државата е под сериозен притисок и треба да се понесе одговорност за ваквите случувања на улиците во Република Македонија, смета Митева.

Митева, укажа дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ветува соработка на политичарите со народот, а не со подземјето.

Она што во моментот ВМРО-ДПМНЕ може, а и ќе продолжи да го прави е гласно да ги зборува и да кажува дека ваквите настани во Република Македонија стануваат секојдневие. Но, она што во иднина можеме да го ветиме како ВМРО-ДПМНЕ е дека соработката на политичарите ќе биде со граѓаните,  а не со подземјето, рече Митева.

Во однос на дипломатската посета на Заев, Митева истакна дека Заев на тие средби нема со што да се пофали а со тоа да ги охрабри европските политичари да ја дадат својата заложба за патот на Република Македонија кон Европската Унија.

Кога ја најави Зоран Заев неговата европска агенда, јас се запрашав што на таа европска агенда ќе каже за својата македонска агенда, дали постои, дали ја има, дали работи за интересите на сопствената држава и дали ова е само уште еден пат кога Заев пред европските претставници ќе излезе со неуспех, а тој неуспех оди на директна штета на сопствената држава.

Заев нема таму што да понуди, нема проекти, нема со што да ја претставува Република Македонија, нема со кој успех да се пофали и со тоа да ги охрабри европските политичари да ја дадат својата заложба за патот на Република Македонија кон Европската Унија, истакна Митева.

Митева не се согласува дека перцепцијата на граѓаните е дека Заев е патриот, бидејќи како што рече таа Заев никогаш не може да биде патриот после сите чекори кои што ги направи изминатите години додека е на власт

Јас не се согласувам дека перцепцијата на граѓаните е дека станува збор за патриот, Зоран Заев никогаш не може да биде патриот после сите чекори кои што ги направи изминатите години додека е на власт, смета Митева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега