Морничава глетка: Средувајќи по дома жена со правосмукалка фатила змија отровица (ВИДЕО)

Една Австралијка успеала во правосмукалката да усиса отровна змија додека ја средувала куќата, поради што морала да повика експерти за да ја ослободат.

Утврдено е дека станува збор за црна змија со црвен стомак.

"Треба да бидете обучени и да имате лиценца за легално да ја завршите оваа работа во Австралија. Змијата можеше да биде повредена, убиена или заробена. За среќа, успеавме да го отвориме капакот на време и да ја ставиме во торбата за да ја преместиме на друга локација “, рече ловецот на змии Брендан Вест.

После тоа, змијата била пуштена во дивината.

Овој вид е специфичен за Австралија и живее во шуми и мочуришта. Сепак, не е невообичаено да талка во поурбани области. Во должина може да достигне нешто повеќе од еден метар, а во горниот дел има сјајни црни и светло-црвени или портокалови делови, додека стомакот се карактеризира со посветли розови тонови.

Иако нејзиниот отров може да доведе до сериозни болести, нема пријавено смртни случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2021 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа