Морничава тетоважа на грбот: Девојката на Илон Маск го згрози светот- „Убави лузни од вонземјани“ (ФОТО)

Партнерката на контроверзниот бизнисмен Илон Маск, која беше прогласен за најбогатиот човек на светот, Грајмс го шокираше светот со нова тетоважа на грбот.

Музичарка со вистинско име Клер Елис Бучер објави фотографија на огромна тетоважа на целиот нејзин грб, која повеќе личи на лузни и многумина ги остави без зборови.

Таа фотографијата ја сподели на Инстаграм со повеќе од 1,7 милиони следбеници, и додека имаше такви кои беа воодушевени, повеќето сметаа дека тетоважата е „болна“, како и „језива“.

Таа ја опиша тетоважата како „убави лузни од вонземјани“ и рече дека е премногу болна и мора да спие, но дека ќе биде совршено кога сè ќе зарасне.

Грајмс и Илон Маск се во врска од 2018 година, а во мај 2020 година добија син. Маск го надмина богатството извршниот директор на Амазон, Џеф Безос и стана најбогатиот човек на светот!

Богатството на Маск е 188,5 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди повеќе отколку на Безос.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@grimes)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега