Муцунски седна на кафе со сите противкандидати: Секој проект кој е од интерес на граѓаните ќе го прифатам и реализирам

Победниот во првиот круг на изборите во општина Аеродром, Тимчо Муцунски ги повика сите противкандидат на кафе дружба.

Вели, целта е да се испрати порака за обединување и на Аеродром и на македонија.

-Ги поканив моите противкандидати на кафе дружење за да испратиме порака за обединување кое не само на Аеродром, туку и на цела Македонија ѝ е потребно. Сè ова го направив со цел да излеземе од оваа состојба во која се наоѓаме и да го подобриме животот на нашите сограѓани, напиша Муцунски.

Вети дека ќе ги реализира сите проекти кои се во интерес на граѓаните.

-Секоја идеја, секој проект кој е од интерес на граѓаните ќе го прифатам и реализирам. Аеродром е на сите нас. Заедно да придонесеме за нашето маало, напиша Муцунски на Фејсбук.

19.10.2021 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега