МВР го пронајде одземеното возило на Итната медицинска помош Кочани

МВР го пронајде одземеното возило на Итната медицинска помош Кочани.
 
На 03.12.2022 околу 03.40 часот во Полициската станица Кочани, од Општа болница Кочани било пријавено дека од кругот на болницата било одземено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска помош Кочани.
 
По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
03.12.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега