МВР информира кои улици да ги избегнувате - посебен сообраќаен режим од 13 часот поради најавен протест

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради  протест најавен да почне во 13.30 часот од парк Чаир до Oсновното јавно обвинителство, во траење од три часа,  СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

– Затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат:  бул.Христијан Тодоровски Карпош“, ул.„.Џон Кенеди“, ул.„Цветан Димов“, бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по  околните сообраќајници, соопшти СВР Скопје и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа