МВР потврди: Распишана потерница за Панчевски

Од МВР денеска потврија дека поранешниот претседател на основниот Кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски се бара со потерница.

– Полицијата три пати го барала Владимир Панчевски но не го нашле. За тоа беше известен судот во Велес, по што беше распишана потерница по него. Сега надлежните проверуваат дали тој ја напуштил државава – соопштуваат од МВР.

Основниот суд од Велес на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој тој е обвинет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега