МВР во акција во Арачиново: Уапсено едно лице

Денеска (03.12.2022) во периодот од 05.00 до 08.30 часот од страна на Оперативниот тим потраги во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции-ОСПО и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачјето на с.Арачиново, скопско, лишен е од слобода Н.Р.(49) од с.Арачиново. За него била распишана централна потерница согласно наредба од  Основен Кривичен суд -Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од година и половина, во врска член 396 од Кривичниот законик, за неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.

Во 06.30 часот полициски службеници извршиле проверка во куќа во с.Горно Мојанци, сопственост на Џ.О., во која престојувал Ф.О.(40) од с.Арачиново, при што бил пронајден  пиштол. Пиштолот е одземен за понатамошна постапка, по лицето се трага, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

03.12.2022 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега