На Инстаграм презгодна, а во реалноста со 10 килограми повеќе – кој ли се обидува да измами ѕвездата од Беверли Хилс?

Актерката Тори Спелинг (47) би сакала да изгледа како топ модел и затоа прибегнува да ги поправи своите фотографии на социјалните мрежи. Така беше порано, а така е и сега кога објави фотографија во розов топ и здолниште, на која изгледа слаба и стегната.

 

Сепак, папараците ја фотографирале на плажа, во костим за капење и со 10 килограми вишок. Се чини дека на Тори воопшто не и е грижа што вистината ќе излезе на виделина, па упорно ја манипулира јавноста.

Од самиот почеток на својата кариера, актерката беше мета на критики поради пластичните операции, од кои признава само корекција на носот и зголемување на градите.

 

Со сопругот Дин Мекдермонт (54) има пет деца, синовите Лиам (14), Фина (8) и Бег (4) и ќерките Стела (12) и Хети (9), сите го поминаа викендот во луксузното одморалиште во регионот Оринџ во Калифорнија, каде папараците ги фотографирале покрај базен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега