Над 45.000 „Бугари“ живеат на иста адреса во Софија

Најнаселеното место во Бугарија  45.752 имиња објавени на 10.000 страници, пишува денес бугарската агенција БГНЕС во контекст на изборите во оваа земја. Сите овие илјадници странци имаат иста адреса – улицата „Леге број 6“ во Софија, каде што се наоѓа администрацијата на областа Средец, потврди за БГНЕС градоначалникот на регионот Траичо Траиков.

„Ова е затоа што, според законот, оние кои се стекнале со бугарско државјанство и живеат во странство, добиваат постојана адреса во зградата на окружната администрација“, објасни Траиков. Според последните податоци, нивната бројка веќе надминува 82 илјади луѓе.

„Честопати ги гледам овие луѓе кога користат административни услуги во областа. Сепак, гласачките ливчиња веројатно ќе останат недопрени, како што се случувало досега “, рече Траиков.

Огромниот број луѓе на списокот според БГНЕС се Македонци кои го добиле бугарското државјанство врз основа на бугарско потекло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега