Напад во Ерусалим: Најмалку осум лица се повредени

 

Најмалку осум лица се ранети, од кои двајца потешко, во терористички напад на автобус и паркинг во близина на Западниот ѕид во Ерусалим, јавуваат агенциите.

Напаѓачот употребил огнено оружје и им се предал на израелските власти утрово, откако безбедносните сили го барале цела ноќ, соопшти израелската полиција.

Тој бил приведен на распит и му бил одземен пиштолот.

Едно од повредените лица е трудница на возраст од околу 30 години, која добила куршум во стомакот, поради што лекарите морале итно да направат царски рез.

Се вели дека бебето е во тешка, но стабилна состојба.

Меѓу повредените има и четворица американски државјани, додава весникот „Ерусалим“.

Портпаролот на палестинскиот Хамас, Фавзи Бархум го нарече нападот храбар чин на отпор, велејќи дека тоа е „природен одговор на окупацијата на населбите и секојдневните злосторства на Израел против Палестинците“.

14.08.2022 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега