Научница од Вухан: Тажни и неприфатливи се тврдењата дека коронавирусот „избегал“ од нашата лабараторија

Научницата од Институтот за вирологија во Вухан, д-р Ши Зенгли, позната како „Жена лилјак“, ги демантира новите тврдења дека Ковид-19 можеби избегал од нивната лабораторија и ги нарече тажни и неприфатливи.

Група од 18 научници, вклучително и еден од најистакнатите светски истражувачи на коронавирус, ја започнаа дебатата дали Ковид-19 избегал од лабораторијата во Вухан преку ноќ.

Предупредувајќи дека нема доволно докази за да се исклучи таа можност, групата му напишала на престижното списание „Сајанс“, повикувајќи на понатамошно истражување за потеклото на Ковид-19, одговорен за глобалната пандемија.

„Мораме сериозно да ги сфатиме хипотезите за природна и лабораториска прелевање се додека не добиеме доволно податоци“, се вели во писмото.

Правилната истрага треба да биде транспарентна, објективна, базирана на податоци, вклучувајќи широка експертиза, независен надзор и одговорно водена за да се минимизира влијанието на судирот на интереси. Агенциите за јавно здравје и лабораториите за истражување мора да ги отворат своите евиденции за јавноста, се наведува понатаму.

Писмото е потпишано од почитувани научници кои се експерти за истражување на САРС-КоВ-2, вклучувајќи го и Џеси Блум, биолог од Центарот за истражување на рак во Сиетл, Ралф Барик, истражувач на коронвируси, кој работел со научници на Институтот Вухан во Кина и Дејвид Релман, микробиолог и имунолог од Стенфорд.

Сепак, вирологот од Вухан, Ши Зенгли, одговори преку мејл во петокот наутро, поради поканата да ги достави своите лабораториски документи.

„Тоа дефинитивно е неприфатливо. Кој може да обезбеди докази што не постојат? Многу е тажно да го прочитате ова писмо, напишано од 18 научници”, одговорил научницата позната како „Жена лилјак”.

Таа додаде дека хипотезата за истекување од лабораторијата се заснова само на експертиза во лабораторија која долго време работи на коронавирус на лилјаци, кои се филогенетски поврзани со САРС-КоВ-2, пренесува News.com.au.

„Таквото тврдење дефинитивно ќе им наштети на угледот и ентузијазмот на научниците кои се посветени на работата на нови животински вируси кои имаат потенцијален ризик да се прелеат на човечката популација и на крајот да ја ослабнат способноста на луѓето да ја спречат следната пандемија“, рече таа.

Светската здравствена организација испрати тим научници во Вухан, од каде потекнува вирусот во декември 2019 година, за да го испита потеклото на Ковид-19.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега