Не можеа да излезат од куќите: Евакуирани отсечените семејства на Попова Шапка

Поради силен ветер и снег во текот на вчерашниот ден беше завеан патот до викенд населбата на Попова Шапка, поради што отсечени биле семејства кои биле затекнати во своите домови и некои од нив не можеле да излезат од куќите од натрупаниот снег.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека дополнителен проблем претставувало и снемувањето на електрична енергија.

-Од ЕЛС Тетово започнале со расчистување на патот со употреба на механизација, и патот е расчистен и семејствата се безбедно евакуирани. Во вечерните часови состојбата е нормализирана, а исто така е решен и проблемот со електроснабдување. Од страна на РЦУК Тетово за време на целиот период од настанатата состојба е контактирано со ЕЛС Тетово, ЈП Македонијапат, ПС Попова Шапка, ЕЛЕМ Турс како надлежна за одржување на скијачките терени и стази, информираат од ЦУК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега