Неидентификувани беспилотни летала забележани над американската воздухопловна база во Германија

 


Неидентификувани беспилотни летала се забележани над американската воздухопловна база Рамштајн во Германија во последните недели, објави денеска весникот Шпигел, повикувајќи се на доверлив извештај на германските безбедносни агенции.

Според весникот, оваа појава предизвикала загриженост за безбедноста на таа клучна американска воена база во Европа.

Истрагата е во тек, а властите се обидуваат да ги проценат потенцијалните ризици поврзани со појавата на дронови над Рамштајн.

13.12.2024 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега