Нема нов премиер на Франција: Макрон ја одложи одлуката

 


Францускиот претседател Емануел Макрон го одложи назначувањето на новиот премиер, и покрај претходните најави дека ќе го стори тоа вечерва. Близок пријател на Макрон изјави дека претседателот сака да обезбеди широка поддршка во многу поделеното Национално собрание и дека критериумите за избор на нов премиер остануваат строго дефинирани.

Макрон во последните денови одржа низа средби со политички лидери, меѓу кои и со претседателите на Сенатот и на републиканската група во парламентот. Имињата на Гзавие Бертран, Бернар Казнев и Тиери Боде се споменуваат како потенцијални кандидати, но досега нема официјална потврда.

04.09.2024 - 21:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега