Несреќа во Скопје: Се судрија автомобил и мотоцикл - младо момче однесено во болница

Момче било пренесено во болница откако се здобило со тешки телењсни повреди при сообраќајна несреќа која се случила во Скопје, информира МВР.

-На 25.01.2021 во 15:35 часот во Скопје, на крстосницата на улица „Ѓорче Петров“ и улица „Сремски фронт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.В.(72) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Ч.(26) од Скопје. По незгодата Р.Ч. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега