Незапаметено злосторство во Грција- Ја задавиле до смрт пред нејзината 11- месечна ќерка

Една млада Британка била задавена до смрт пред нејзината ќерка, додека нејзиниот сопруг бил врзан во друга просторија во нивниот дом во Атина, пишува Телеграф.

Ужасното убиство на 20-годишната Каролин Крауч пред нејзината 11-месечна ќерка ја шокираше Грција.

Формирана е специјална полициска работна група за истражување на убиството, а потрагата по се уште неидентификувани напаѓачи е во тек.

Студентката била убиен од тројца провалници кои го грабиле нејзиниот семеен стан во предградието Глика Нера во главниот град на Грција.

Полицијата соопшти дека грабежот се случил во вторникот околу 4 часот наутро кога г-ѓа Крауч, која била делумно Британка, а делумно Филипинка, но родена во Грција, спиела со своето бебе.

Тие, наводно, впериле пиштол кон детето, барајќи од мајката да каже каде се парите и скапоцените предмети.

Тие исто така го убиле и нејзиното милениче, а сопругот на г-ѓа Крауч Хараламбос Анагностопулос (32), пилот на хеликоптер, бил врзан за столче во друга просторија.

Тогаш напаѓачите наводно ја задавиле г-ѓа Крауч со сопствена блуза за да ја спречат да вика за помош.

Кога Анагностопулос конечно успеал да се ослободи, ја нашол својата мала ќерка како плаче покрај безживотното тело на нејзината мајка.

„Ова убиство е ужасно злосторство извршено со неверојатна суровост“, рече Клеантис Папагијанопулос, портпарол на грчката полиција. „Ваквата бруталност е ретка кај нас.

Според сведочењето на сопругот, тројцата мажи зборувале на изобличен грчки јазик и успеале да украдат околу 15.000 евра во готово и малку накит.

Соседите изјавија дека во последните неколку недели виделе сомнителен автомобил кој кружел низ куќата.

Полицијата соопшти дека најверојатно бандата го следела семејството некое време пред да го изврши грабежот.

Грчката влада понуди награда од 300.000 евра во вторникот на секој што ќе се појави со информации што ќе доведат до апсење на бандата.

Каролин Крауч е родена на островот Алонисос во 2001 година од татко Британец и мајка Филипинка, а во 2017 година се омажила за својот сопруг, пилот.

Нејзиното хоби биле кик-боксот и нуркањето.Живеела во Глика Нери од 2019 година и била студент на Универзитетот во Пиреја.

Градоначалникот на Алонисос, Петрос Вафинис, за грчката телевизија изјави дека сите биле шокирани од убиството.

„Таа беше слатко суштество, прекрасна млада девојка, полна со енергија, која беше активна во многу настани на островот“ изјавил тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега