Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се оградување од снимање на состанокот со Мицкоски


Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение се огради од снимање на состанокот со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, од кој денеска се појавија снимки на Јутјуб каналот „Обнова на режимот“.

-НПГ на ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквиот нечесен пристап кон нас, снимање и јавно објавување на разговори кои се водени на средба со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, која се одржа во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собрание, и на истата беше присутен и тој. Бараме од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите. Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Како и досега, НПГ на ВМРО-ДПМНЕ останува транспарента кон јавноста и чесна во пристапот. Нашите заложби секогаш беа искрени и во интерес на функционални институции, се вели во дописот од групата.

Оттаму појаснуваат дека на Јутјуб објавени се само исечоци од по неколку секунди, а средбата траела многу подолго од прикажаното.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега