Николоски: Кокаин има како никогаш претходно по улиците и сите знаат кој го продава и кои се дилерите

И последното што сакам да го искоментирам е состојбата со криминалот во градот. Јавна тајна во градот и не само во Прилеп туку и во секој урбан центар во Македонија, е дека кокаин има како никогаш претходно по улиците, сите знаат кој го продава, сите ги знаат дилерите, освен полицијата. Видовме една смешна акција во Прилеп за ловење на овие наркодилери, дента беа уапсени, утредента началниците во полиција и инспектори кафе пиеја по прилепската чаршија, вели Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ при денешната изјава во општина Прилеп.

Николоски нагласи шефот на прилепската полиција кој беше уапсен од американската агенција за борба против наркотици ДЕА, бил главен организатор на нерегуларности и неправилности на изборите во Прилеп со злоупотреба и поткуп на гласачи, додавајќи дека тие како ВМРО-ДПМНЕ презентирале и докази за тоа но од страна на Јавното обвинителство не постапиле.

За после неколку месеци да видиме апсења организирани од американската агенција за борба против наркотици ДЕА, на шефот на прилепската полиција тука, кој што да потсетам беше главниот организатор на нерегуларности и неправилности на изборите во Прилеп со злоупотреба и поткуп на гласачи. Ние тогаш презентиравме и податоци, но Обвинителството се разбира не постапи затоа што целосно е контролирано. Но, еве дојде ден да се покажат тие работи и да апелирам од тука да продолжат овие истраги затоа што неговото апсење и апсење на неговите соработници е само врвот на ледената санта која што за жал ја гледаме тука во Прилеп со состојбата со кокаинот и другите наркотици, истакна Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега