Хоспитализирани се 50-тина лица затруени со салмонела

Од вкупно 50-на лица 12 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, а меѓу нив има и 29 годишна трудница.

Во епидемиолошката анкета сите се изјасниле дека јаделе од сендвичарата во Драчево.

Првиот пациент бил примен ноќта меѓу вторник и среда. Родителите чии деца биле затруени од храната велат дека лекарите им соопштиле дека има голем број на деца што се затруле најверојатно поради неквалитетната храна во сендвичарата во населбата Драчево.

Првичните претпоставки се дека сите имаат бактериска цревна инфекција, но се чекаат резултатите од ИЈЗ за дефинитивно лоцирање на причинителот.

Најмладиот кој побарал помош на Инфективна има 4 години а најстариот од затруените е 30 години. Првичните претпоставки се дека сите имаат бактериска цревна инфекција, но се чекаат резултатите од ИЈЗ за дефинитивно лоцирање на причинителот.

Моите две деца сега се дома, но вчера имаа критичен ден. Повраќаа имаа силни проливи и температура. Но, мојата внука која има 4 години е сместена на клиниката и прима инфузија. Се спаси само мојата снаа, која е бремена и одбила да и стават мајонез во сендвичот со плескавица. Многу сме уплашени оти девојчето е мало и кревко. А купивме сендвичи од место кое е многу познато во населбата и бевме убедени дека храната е во исправна состојба. На, клиниката лекарите при приемот на девојчето ни рекот дека сме едни од педесетината деца што се затруени од сендвичите купени во сендвичарата во Драчево. Ова навистина не уплаши од каде да купуваме храна и со што да ги храниме кога од секаде ги демне опасност“, вели Бобан Ѓуриќ, родител на двете деца што се затруле.

 

Дел од пациентите кои побарале лекарска помош имале бурна реакција проследена со дехидрирање, пролив и повраќање. Според информациите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, сендвичарата по пријавувањето е веднаш затворена.

30.08.2014 - 14:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега